Преодниот рок ширум Европа веќе одамна е завршен, но клубовите се уште можат да регистрираа фудбалери кои се без ангажман.
Тоа денес го направи лидерот на Серија А Наполи, кој во своите редови го донесе хрватскиот интернационалец Хрвое Милиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овај 28-годишен фудбалер минатото лето потпиша договор со грчки Олимпијакос, но одигра само четири меча во првиот дел од сезоната и во јануари го раскина договорот.
Тоа го искористи Наполи па го донесе Милиќ како замена за повредениот Гулам, односно како алтернатива за левата бековска позиција.
Италијанскиот клуб денес потврди дека Милиќ потпишал договор до крајот на сезоната, а Хрватот има искуство во Серија А бидејќи своевремено беше член на Фиорентина.
⚽️ #Napoli confirm signing of Croatian left-back Hrvoje #Milic
➡️ https://t.co/oJuAfu9G8M
? #ForzaNapoliSempre— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) February 23, 2018