Дома Трансфер зона Наполи почна преговори со Челзи за Емерсон Палмери

Наполи почна преговори со Челзи за Емерсон Палмери

Наполи започнал преговори со Челзи за трансфер на левиот бек Емерсон Палмери, пренесува „Газета дело Спорт“.

Палмери не добива голема минутажа и Челзи е спремен да го продаде ова лето за 20 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец е голема желба на тренерот Спалети, а и самиот Палмери дал согласност за трансферот.

Офанзивниот бек не е дел од плановите на актуелниот менаџер на „сините“, Томас Тухел, и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок.

Меѓутоа, Наполи нема лесно да дојде до потписот бидејќи сака преку преговори да ја намали сумата која ја бара Челзи во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…