Наполи е повторно заинтересиран за Денис Суарез, потврди тренерот на Наполи
Маурицио Сари сака да ја освежи својата екипа за следната сезона и во Денис Суарез гледа идеално засилување. Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, сакаше во својот тим да го види Денис уште пролетта 2016. година, но не успеа да го доведе.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Наполи и оваа зима ја притискаше Барселона да го продаде, но до договор не дојде, па можеби сепак ќе има трета среќа. Денис Суарез има 24 години. Вредноста му се проценува на 18 милиони евра, а во Барселона пристигна од Виљареал во четвртиот месец 2016. година.