Наполи прави се што е возможно за напаѓчот Аркадиус Милик да не заврши во некој од конкурентските тимови во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милик има уште една година од договорот, па ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а силен интерес за неговиот потпис покажува Јувентус.
Според медиумите, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја одбил понудата на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Поради тоа Наполи е спремен да понуди попуст на клубовите од Премиер лигата, само напаѓачот да не заврши во друг италијански клуб.
Беше објавено дека за напаѓачот се заинтересирани Челзи, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувња, на кои постигна 12 голови.