Дома Останати Надал после маратонска битка до полуфинале

Надал после маратонска битка до полуфинале

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Баштад, откако славеше над Аргентинецот Мариано Навоне со 2-1, по сетови 6-7, 7-5 и 7-5.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


До победата Надал дојде по четири часа игра и тоа со пресврт по загубениот прв сет кој траеше цели 90 минути. 

И следните два сета траеја повеќе од еден час, но во нив Надал успеа да го освои последниот гем и да избегне тај-брејк.

Во полуфиналето Надал за противник ќе ја има хрватската сензација Дује Ајдуковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…