Во второто коло на Олимписките игри во Париз, во големото дерби, Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови 6:1, 6:4.
Ова беше јубилеен 60-ти меч на двајцата великани, но Шпанецот не можеше да одговори на одличната игра на Ѓоковиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На овој терен на Ролан Гарос игравме многу пати, тој има далеку подобар скор кога станува збор за земјена подлога. Но, во последните четири или пет години успеав да најдам решенија, а две години не игравме, тој беше доста повреден. Тоа се почувствува, одлично ја удираше топката, но движењето му се ограничени. Се вклучи публиката, го врати во живот, тој почна да игра добро, а јас се повлеков“, изјави популарниот Ноле.