Дома Останати Надал победи и закажа спектакл против Ѓоковиќ

Надал победи и закажа спектакл против Ѓоковиќ

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Олимписките игри во Париз, откако го совлада Мартон Фучович и закажа епски дуел против Новак Ѓоковиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Надал реши да настапи во сингл конкуренција на тенискиот турнир во Париз и попладнево по голема борба го совлада Мартон Фучович од Унгарија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-4).

Шпанецот  на овој начин успеа да закаже спектакл против Новак Ѓоковиќ во второто коло. Овој дуел според најавите е закажан за в понеделник.

Дали ќе дојде до тој дуел ќе се знае дополнително бидејќи Надал признава дека не се наоѓа во најдобра физичка кондиција и не е исклучено да го откаже својот настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…