Mанчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов договор на Бруно Фернандеш и тоа со двојно поголема плата, пренесуваат медиумите на Островот.
Лондонски „Мирор“ пишува дека раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината за ваквата реакција на Јунајтед е интересот кон Фернандеш од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови.
Фернандез дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари минатата година за 55 милиони евра, и веднаш се етаблираше во клучен играч за „црвените ѓаволи“.