Дома Фудбал На повидок случај „Евра-Суарез“ во шпанскиот фудбал – навреден дефанзивецот на Барселона!

На повидок случај „Евра-Суарез“ во шпанскиот фудбал – навреден дефанзивецот на Барселона!

На повидок случај „Евра-Суарез“, во шпанското првенство и тоа помеѓу играч на Барселона на Селта Виго.

Имено, денес во шпанските медиуми се пишува за наводната навреда која Иаго Аспас ја упатил кон дефанзивецот на Барселона, Јери Мина во натпреварот одигран на „Балаидос“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мина при една борба за топка му оневозможи на Аспас да стигне до истата, таа заврши во гол аут. Во тој момент напаѓачот на Селта го турнал Колумбиецот и го навредил со зборовите: „црно г**но“.

Судијата тоа не го слушна, но Аспас сепак заработи жолт картон поради бурната реакција.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката на дисциплинската комисија и со какви санкции ќе со соочи шпанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…