Готово сигурниот трансфер на Саид Бенрама од Брентфорд во Вест Хем е пред пропаѓање, бидејќи напаѓачот не ги мина лекарските прегледи, пренесуваат медиумите на Островот.
Трансферот беше договорен за 25 милиони фунти плус 5 милиони во име на бонуси, но многу веројатно нема да биде комплетиран.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се треба да биде решено до 18 часот денес, кога завршува трансфер пазарот за англиските клубови. На Островот играчи можат да ги променат клубовите до денес, но само од една лига во друга, односно клубовите од Премиер лигата можат да купуваат играчи од подолните дивизии.
Вест Хем се надеваше да се засили со Бенрама и со согласи да плати 30 милиони фунти, меѓутоа алжирскиот репрезентативец не успеа да ги мине лекарските прегледи.
Saïd Benrahma has FAILED his medical ahead of a proposed £30m move to West Ham. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/u140ari6IN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 16, 2020