Дома Трансфер зона Мурињо ја сака ѕвездата на Порто

Мурињо ја сака ѕвездата на Порто

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Хектор Ерера кој игра одлично веќе неколку сезони.

Ерера беше мета на Ливерпул, но на крајот „црвените“ се одлучија да го купат Вајналдум, а најблиску до неговиот потпис беше Наполи, но трансферот пропадна бидејќи двата клуба не најдоа заеднички јазик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерера игра на позиција играч за врска, член е на мексиканската репрезентација за која има одиграно 46 натпревари. Оваа сезона за Порто во 9 натпревари постигна еден гол и запиша 3 асистенции.

Жозе Мурињо сака да го донесе на „Олд Трафорд“ уште во јануари и е спремен да понуди 30 милиони евра, па останува да видиме дали оваа сума ќе биде доволна за Порто да се откаже од својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…