Дома Фудбал Англија Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе мора да замине на операција по хроничната повреда на скочниот зглоб, потврди Жозе Мурињо.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста нема настап за „црвените ѓаволи“ од 5-ти ноември, а операцијата ќе значи отсуство од терените уште најмалку два месеци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Одлуката е донесена, Баи ќе оди на операција. Не би рекол дека е крај на сезоната за него, но во секој случај ќе паузира најмалку два-три месеци“, потврди Мурињо.

Ова сигурно е голем удар за „црвените ѓаволи“ бидејќи Баи е најдобриот дефанзивец кој Мурињо го има во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…