Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека раководството ќе му даде на располагање голем буџет на „Специјалниот“, а веќе е составана и шопинг листата.
Мурињо ќе се обиде да ја освежи одбраната и средниот ред, а главна „мета“ во јануари ќе биде Калиду Кулибали. Португалецот ќе се обиде да ја искористи лошата ситуација во Наполи и е спремен да понуди 100 милиони евра за потписот на дефанзивецот.
После шпекулациите дека Тоби Алдервирелд и Јан Вертонген наредното лето ќе си одат како слободни играчи, Мурињо сака да донесе дефанзивец кој долги години ќе биде столб на одбраната.
Jose Mourinho 'targeting huge £90m swoop for Napoli defender Kalidou Koulibaly' https://t.co/eV3sxyKieH #tottenham #coys #thfc
— Spurs Breaking News (@SpursNews247) December 9, 2019
Што се однесува до средниот ред медиумите тврдат дека Мурињо спрема шокантен трансфер и сака да го ангажира поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Фелаини моментално игра во Кина, но е спремен да се врати на Островот ако добие повик од Мурињо, а Португалецот одлично ги познава неговите квалитети и смета дека ќе донесе искуство во младиот среден ред на Тотенхем.