На големо изненадување левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе биде стартер вечерва против Бенфика во Лигата на шампиони.
Ова за Шо ќе биде трет повик со првиот тим, откако два пати до сега се најде во списокот на Мурињо за натпревари од Лига купот, но беше резерва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Манчестер Ивнинг Њуз“ двајца од стартните дефанзивци кај Мурињо – Фил Џонс и Антонио Валенсија нема да бидат повикани за овој меч. Истото важи и за Дени Блинд кој не се појавил ова утро во хотелот каде што имаше собир Манчестер Јунајтед.
„Специјалниот“ се одлучи да им даде одмор на некои од ваќните фудбалери бидејќи следниот викенд има тешко гостивање против Челзи на „Стенфорд Бриџ“.
19-годишниот Аксел Таунзебе исто така може да го започне вечерашниот меч против Бенфика како стартер.