Дома Трансфер зона Мурињо си „бендиса“ дефанзивец на Селтик

Мурињо си „бендиса“ дефанзивец на Селтик

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е силно заинтересиран за дефанзивецот на Селтик, Кеиран Тирни, пренесуваат англиските медиуми.

20-годишниот шкотски репрезентативец може да биде првото засилување на „црвените ѓаволи“ за следната сезона, бидејќи Мурињо се спрема да направи значајни промени во дефанзивната линија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тирни во октомври потпиша нов 6-годишен договор со Селтик, па Јунајтед ќе треба да плати 20 милиони фунти, доколку сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Оваа сезона Тирни има 41 настап за Селтик на кои постигна 4 гола во сите натпреварувања. Интерес за него покажуваат бројни клубови од Премиер лигата, но Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тренерот на Њукасл ги разочара навивачите на Арсенал

Екипата на Арсенал во текот на летото ќе се обиде да доведе квалитетен напаѓач, а во медиу…