Дома Трансфер зона Мурињо испрати понуда за Ромањоли, Милан кажа НЕ

Мурињо испрати понуда за Ромањоли, Милан кажа НЕ

Изминатите денови медиумите пишуваа за интересот на Манчестер Јунајтед за капитенот на Милан Леондардо Бонучи, но Мурињо всушност сака друг дефанзивец на „росонерите“.

Милан вчера официјално потврди дека Бонучи не е на продажба, а денес италијанските медиуми потвдија дека Мурињо испратил понуда за Алесио Ромањоли.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ромањоли имаше фантастична сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа, па интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Понудата која ја испратиле Манчестер јунајтед изнесувала 45 милиони евра плус пет милиони во бонуси, но „росонерите“ експресно ја одбиле.

Ромањоли неодамна го продолжи договорот со Милан до 2022 година и миланскиот гигант во него гледа столб на кого ќе го гради тимот во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…