Дома Топ вести Мурињо го враќа Герет Бејл во Тотенхем

Мурињо го враќа Герет Бејл во Тотенхем

Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо ги започнал преговорите за враќање на Герет Бејл во Тотенхем.

„Специјалниот“ нема голем буџет за зимски трансфери, па ќе се обиде да го донесе Бејл на позајмица, но со задолжителен откуп на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Дејли експрес“, Жозе Мурињо го контактирал претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез за лично да ја испита можноста за трансфер на Велшанецот.

Бејл не поминува добар период во Мадрид бидејќи е во лоши односи со тренерот Зидан и навивачите, па готово сигурно ја игра последната сезона за „кралевите“.

30-годишниот фудбалер е отворен за враќање во Премиер лигата, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.

Сепак, според последните информации од Островот, тешко дека овој трансфер може да се реализира до крајот на јануари, а проблем може да биде и големата плата на Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…