Една година по сензационалниот трансфер на Микаил Фаје (20) од Кустошија во Барселона за 1,5 милиони евра, талентираниот Сенегалец ќе ја напушти Каталонија. Фаје минатата сезона ја мина во Барселона Б, а сега Мундо Депортиво пишува дека неколку клубови од европската елита подготвуваат понуди за одличниот и млад сенегалски дефанзивец.
Чудото од Кустошија, како што го нарекоа англиските медиуми Микаил Фаје (20), импресиониран од неговата игра за хрватскиот нисколигаш, е на прагот да го напушти каталонскиот гигант, а Барса најави обештетување од 11 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веднаш контактирале Милан, Порто, Монако, Лил, Рен и ПСВ и како што пишува Мундо Депортиво единствено што се чека е одлуката на играчот во кој клуб сака да оди.
Од Барса сепак потенцираат дека не сакаат да ја загубат контролата над сенегалскиот репрезентативец. Имено, тие сакаат во договорот за трансфер да вметнат откупна опција за да можат да го вратат доколку се докаже во нов клуб. Во Барса веруваат дека се работи за играч кој може многу добро да се развива и како центар и како дефанзивец и не сакаат да го загубат доколку се покаже во вистинско светло.
Минатата сезона настапуваше за вториот тим на Барса и на 34 натпревари се истакна со добри реакции во одбраната, а успеа да постигне четири гола. Тоа не му е доволно за најсилниот кадар на Барселона, но беше доволно за да се вклучат во приказната истакнати имиња на европскиот фудбал.