Дома Фудбал Останато Му се смее цел свет: Мажиќ во Кина исклучи погрешен играч (видео)

Му се смее цел свет: Мажиќ во Кина исклучи погрешен играч (видео)

Еден од најдобрите европски судии, Милорад Мажиќ денес ја започна својата авантура во Кина и уште во првиот меч го судеше големото кинеско дерби помеѓу Шангај Шехуа и Шангај СИПГ, кое заврши со голема победа на гостите од 0:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, Мажиќ ќе сака што побрзо да го заборави својот прв меч во Кина кој го одбележа една негова голема грешка.

Имено, во 73-та минута од мечот српскиот судија исклучи погрешен играч. Тој му покажа црвен картон на Шил Лин иако прекршокот го направи Џа Џун.

За негова среќа го корегираше ВАР технологијата која му сугерираше на Мажиќ дека погрешил, па Србинот ја исправи одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нутинен: Очекувам тежок дуел со Вардар, сакаме добар резултат пред реваншот

Финскиот тим Купс утре му гостува на македонскиот шампион ФК Вардар во првото коло од квал…