Милорат Мажиќ, еден од најдобрите судии во светот во овој момент заедно со своите помошници Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ ќе ја дели правдата во четвртфиналето на Мундијалот во Русија помеѓу Бразил и Белгија.
Бразилците не се воодушевени од фактот што правдата ќе има ја дели судијата кој оваа година судеше во финалето од Лигата на шампионите, а минатата финалето од Купот на конфедерациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарите од бразилскиот „Глобо“ не пропуштаат да потенцираат дека не му додели ниту жолт картон за она што Рамос му го направи Салах, кој теренот го напушти во солзи. Според нив дискутабилна е и одлуката да го поништи казнетиот удар за Сенегал на натпреварот со Колумбија на Мундијалот, после употребата на ВАР.
Навивачите на Бразил сметаат делегирањето на Мажиќ на нивниот натпревар всушност е борба на ФИФА против нив.
„Зарем да ни суди Србин? Бразил ја елиминираше Србија, сега се обидуваат српски арбитар да го елиминира Бразил. Цел турнир е борба на ФИФА против Бразил. Ќе биде вистинско чудо ако бидеме шампиони“, тврдат навивачите на „Кариоките“.