Дома Фудбал Монтела: Вратете се назад, дојдов во клуб кој е подобар од Милан!

Монтела: Вратете се назад, дојдов во клуб кој е подобар од Милан!

Некогашниот напаѓач на италијанската репрезентација, Винченцо Монтела, изминатата седмица е именуван за нов тренер на Севиља, каде пристигна како наследник за Едуардо Бериза, а своето деби ќе го има против Кадиза во Купот на Кралевите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Монтела ниту денес не го сокри задоволството што ја презеде Севиља, истакнувајќи како пристигнал во силен клуб, кој константно е дел од европските натпреварувања.

„Милан е голем клуб, во последните 30 години освои многу трофеи, но ако погледнеме пет години наназад, зедоа само неколку. Севиља во изминативе 10 години освои повеќе од Милан, тоа е клуб кој игра постојано во Европа и многу е силен“, истакна Монтела на конференцијата за медиумите во пресрет на своето деби.

Инаку, за потсетување, Монтела со клубот од Андалузија договори соработка до јуни 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…