Шпанскиот играч за врска Родри (28) стана еден од водечките кандидати за Златната топка. Во Манчестер Сити му помогна на клубот да ја освои четвртата последователна титула англиски шампион, а со репрезентацијата го освои и EП, каде беше избран за најдобар играч на турнирот.
Ја освои и Лигата на нации со Шпанија и единствениот трофеј што му недостига на репрезентативен и клупски план е Светското првенство, откако освои се со Манчестер Сити. Тој ќе влезе во историјата на клубот и како голгетер во финалето на Лигата на шампионите минатата година кога постигна гол против Интер и му ја донесе титулата европски првак на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Сити се свесни дека го имаат еден од најдобрите играчи во светот кој би било речиси невозможно да се замени, а бидејќи во последно време се шпекулира за интерес на Реал Мадрид, во Манчестер се решени превентивно да делуваат.
Според локалниот весник Мирор, на Родригез ќе му биде понуден нов договор со двојно поголема плата, иако сегашниот му важи уште три години. Така Родри ќе има можност да стане најплатен играч на клубот со заработка поголема од Кевин Де Брујне и Ерлинг Халанд.