Дома Фудбал Лига на шампиони Минхен кандидат за домаќин на финалето од ЛШ во 2021 година

Минхен кандидат за домаќин на финалето од ЛШ во 2021 година

Минхен ќе биде кандидат за домаќин на финалето од Лигата на шампиони во 2021 или 2022 година, потврди фудбалскиот сојуз на Германија.

Минхен веќе официјално ја испрати кандидатурата за финалето во 2021 година, а другиот кандидат е Санкт Петербург.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА со гласање на 22-ри март ќе одлучува за тоа кој ќе биде домаќин на финалињата во најелитниот турнир за 2021 и 2022 година.

Минхен беше домаќин на финалињата од ЛШ во 1993 и 1997 година на олимпискиот стадион, а во 2012 година финалето се играше на модерната „Алијанц Арена“.

Санкт Петербург се уште не бил домаќин на финале од големо европско натпреварување, па поради тоа се смета како фаворит за финалето во 2021 година.

Оваа година финалето од Лигата на шампиони ќе се игра на новиот стадион на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…