Дома Фудбал Англија Милнер не му дозволи на Салах да го изведе пеналот и го разочара (ВИДЕО)

Милнер не му дозволи на Салах да го изведе пеналот и го разочара (ВИДЕО)

Џејмс Милнер со голот од пенал во 81-та минута вчера ја обезбеди победата на Ливерпул во Кардиф.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ остварија важен триумф со резултат 0:2. Покрај голот на Милнер погодок постигна и Ванијладум, па тимот од „Енфилд“ со натпревар повеќе остана на врвот во Премиер лигата.

Меѓутоа, на социјалните мрежи се појави интересно видео од ситуација при изведувањето на пеналот. Мохамед Салах кој се избори за прекршок во казнетиот простор ја зема топката да шутира, но Џејмс Милнер тоа не го дозволи.

Милнер на Салах буквално му ја одзема топката од рацете. Се обиде Египќанецот да го разубеди, но немаше успех и на крајот се повлече.

Разочарувањето на Салах што не доби можност да го изведе пеналот беше очигледно.

https://youtu.be/ZTAPEKNKBYw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …