Дома Трансфер зона „Милионерите“ попуштаат, замената за Дембеле пристигнува од Порто?

„Милионерите“ попуштаат, замената за Дембеле пристигнува од Порто?

Како што пренесува „Мундо Депортиво“ фудбалерот на Порто се најде на мета на Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона за улугите на Осман Дембеле е заинтересирана уште од поодамна, но минатото лето Каталонците пропуштија шанса да го ангажираат, па тој заврши на „Сигнал Идуна Парк“.

Сега во управата на каталонскиот клуб се решени да ја поправат својата грешка и на сите начини се обидуваат младиот Французин да го доведат на „Камп Ноу“.

Борусија неодамна бараше 90 милиони евра за неговите услуги, Барселона нудеше 50, плус 20 преку одредени бонуси, а најновата информација говори дека Борусија би можела да попушти.

Имено, „милионерите“ се заинтересирани во своите редови да го доведат одличниот фудбалер на Порто, Хесус Корона.

Мексиканскиот репрезентативец одигра одлична сезона на „Драгао“, а тоа не остана незабележано од управата на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…