Дома Останати Ракомет Миленикот на „Комити“ успешно опериран: Во вакви моменти мораш да се бориш

Миленикот на „Комити“ успешно опериран: Во вакви моменти мораш да се бориш

Името на Дејан Милосављев вардаровите навивачи уште долго ќе го паметат. Милосављев беше еден од најзаслужните што Вардар минатата година ја освои европската титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милосављев по завршувањето на минатата сезона го напушти Вардар и кариерата ја продолжи во германски Фуксе Берлин.

Во Германија Милосваљев бранеше одлично, но сега дојде еден непријатен момент, заработи повреда поради која мораше да направи операција.

По направената операција Милосављев се огласи на социјалните мрежи.

„Операцијата помина успешено. Ќе се вратам посилен за сите предизвци. Ракометниот гол е свето место на кој се чуствуваш непобедлив. Меѓутоа кога доаѓаат вакви тешки моменти, мораш да се бориш“, напиша Милосављев.

Треба да се истакне и дека Милосављев беше прогласен за играч на месецот во Бундес лигата во ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од најважните ракометари на Охрид си замина за да игра во Полска!

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид, соопштија од македонс…