Дома Фудбал Картон за погрешен играч, па смена на паузата: Судија обвинет дека бил пијан

Картон за погрешен играч, па смена на паузата: Судија обвинет дека бил пијан

Фудбал — архивска фотографија

Закана дека нема да го продолжат натпреварот и сериозни обвинувања на адреса на главниот судија го одбележаа дуелот во кој Ал Џазира го совлада Гол Гохар со 1:0 во азиската Лига на шампиони 2. Сириецот Хана Хатаб беше заменет на полувремето, а вториот дел му припадна на четвртиот арбитар.

Во центарот на спорот се најде жолтиот картон од 32. минута. По прекршок на играч на Ал Џазира, Хатаб го опомена голманот Ерсин Дестаноглу, иако тој немаше учество во ситуацијата. Следуваше прекин од неколку минути, а разговорот со помошниот судија доведе до повлекување на погрешната одлука.

Тензијата не завршила со таа исправка. Според иранските медиуми, меѓу кои и „Варзеш3“, претставниците на Гол Гохар за време на паузата се обратиле до Азиската фудбалска конфедерација. Нивниот услов за враќање на теренот бил натпреварот да продолжи со друг главен судија.

Од иранскиот клуб тврделе дека Хатаб не бил во состојба соодветна за водење ваков натпревар и го обвиниле дека консумирал алкохол пред почетокот. Тие наводи засега не се официјално потврдени.

По промената на судијата, двата тима го одиграа и второто полувреме. Средбата меѓу клубот од Обединетите Арапски Емирати и иранскиот претставник заврши со минимална победа на Ал Џазира, но необичната судиска епизода остана во преден план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас во составот за Бања Лука, македонски дуели на европската сцена

Аталанта гостува кај Борац во вечер со повеќе македонски фудбалери во европските натпревар…