Милан и Интер следната недела го играат големото миланско дерби „Дела Мадонина“, но градските ривали водат битка и надвор од теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, двата милански клуба се сериозно заинтересирани за талентот на Њукасл, Метју Лонгстаф, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на овој 19-годишен талент со Њукасл истекува на лето, па двата клуба се обидуваат да го донесат во своите редови како слободен агент.
Милан и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори, па во наредните недели Лонгстаф би можел да потпише преддоговор со еден од миланските гиганти.
Во меѓувреме Њукасл се обидува да го задржи талентот во своите редови и му нуди двојно поголема плата од актуелната.