Дома Трансфер зона Милан ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Милан ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Италијанскиот гигант Милан покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член на белгиски Генк, Сандер Берге.

„Газата дело Спорт“ пренесува дека скаути на Милан веќе подолго време го следат Берге и клубот е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


21-годишниот играч за врска може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а Милан сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок.

Берге е на мета на повеќе европски гиганти, па Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот уште во јануари.

Италијанските медиуми тврдат дека моменталната цена на играчот изнесува 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
  • Наполи ја сака норвешката ѕвезда од Генк

    Италијанскиот клуб Наполи покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член н…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…