Милан не се отлажува од намерата да ја донесе во своите редови ѕвездата на Рома и италијански репрезентативец, Николо Заниоло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ и минатото лето беа заинтересирани за Заниоло, но не беа спремни да ја платат сумата од 50 милиони евра, колку што бараше Рома за неговата слобода.
Меѓутоа, Заниоло одбива да стави потпис на нов договор, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Рома едноставно ќе биде приморана да го продаде.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и спремил понуда од 30 милиони евра за Италијанецот.