Англиските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за потписот на Габриел Жесус.
Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно ќе се пензионира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од желбите е Габриел Жесус, кој има договор со Манчестер Сити до 2023 година, но е спремен ова лето да ја промени средината.
Англиските медиуми пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.
Сити за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, но конкуренцијата е голема бидејќи за Габриел Жесус интерес покажуваат уште Челзи, Арсенал и Реал Мадрид.
📰 @GraemeBailey: #ACMilan join the race for #MCFC forward Gabriel Jesus amid uncertainty over futurehttps://t.co/z39LaZGpdo #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) June 10, 2022