Дома Топ вести Милан не запира: Петото засилување пристигнува на прегледи!

Милан не запира: Петото засилување пристигнува на прегледи!

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а денес италијанските медиуми потврдија дека „росонерите“ веќе го договориле петото засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пренесе, а потоа клупскиот канал на „росонерите“ потврди дека Фабио Борини утре ќе пристигне на прегледи во Милано, а потоа ќе стави потпис на договор со Милан.

Италијанскиот напаѓач минатата сезона играше во Сандерленд, а финансиските детали од трансферот сеуште не се познати.

Борини доаѓа на „Сан Сиро“ по барање на Монтела бидејќи може да игра и како десно и како лево крило, па одлично се вклопува во неговата формација 4-3-3.

Борини најверојатно ќе биде алтернатива на крилните позиции, со оглед на фактот што Милан е во напредни преговори и за играчот на Леверкузен, Хакан Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…