Дома Трансфер зона Милан на чекор до засилување од Челзи

Милан на чекор до засилување од Челзи

Милан во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе играчот за врска на Челзи, Лофтус Чик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан е силно заинтересиран за Рубен Лофтус Чик, кој играше одлично против „росонерите“ во ЛШ и го привлече вниманието на Малдини.

26-годишниот играч за врска не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Челзи на лето ќе прави голема реконструкција, а Луфтус Чик е меѓу фудбалерите ставени на продажба.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и двете страни постигнале начелен договор, а Челзи за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…