Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи повредата на Кјаер е сериозна и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Милан има одлични односи со Лил и сака да ја победи конкуренцијата, па веќе испратил прва понуда за потписот на Ботман, пренесува „Газета дело Спорт“.
Малдини сака да ја употреби истата формула како минатата година со Томори, па понудил 5 милиони евра за позајмица и право на откуп на лето за додатни 25 милиони евра.
📰 #Gazzetta: It's no secret that Milan is targeting Sven #Botman to replace #Kjaer. #Milan will make an offer in January for a loan with the right of redemption. The Dutch player is valued at €25/30M. pic.twitter.com/Wem8I38TaP
— Milan Posts (@MilanPosts) December 15, 2021