Италијанскиот гигант Милан ќе се обиде да го донесе бразилскиот играч за врска на Барселона, Тиего Алкантара во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алкантара не добива голема минутажа кај Валверде и е спремен да ја промени средината, а Каталонците веќе му ја отворија излезната врата.
Сепак, Милан не е единствениот клуб кој покажува интерес кон 24-годишниот играч за врска. Рафиња исто така е на радарот на Арсенал, бидејќи „топџиите“ во него гледаат идеална замена за Месут Озил.
Според каталонските медиуми Рафиња сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“ во јануари, само прашање е дали кариерата ќе ја продолжи во Серија А или Премиер лигата.