Десниот бек на Милан, Сержињо Дест готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дест е на позајмица во италијанскиот гигант од Барселона, но не ги задоволи барањата од тренерот и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“.
Дест до сега запиша 14 настапи, а само три пати се најде во стартниот тим. Притоа, тренерот Пиоли не го пријави десниот бек за настапите во Лигата на шампиони.
Милан има опција да го откупи на лето за 20 милиони евра, но веќе донесе одлука да не ја искористи таа опција.