Милан вечерва му гостува на Селтик во рамките на Лига Европа, а тоа ќе биде шанса Малдини да има средба со раководството на шкотскиот гигант.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини ќе започне преговори за трансфер на дефанзивецот на Селтик, Кристофер Ајер.
„Росонерите“ веќе подолго време го следат 22-годишниот Норвежанец, и сакаат да го донесат на „Сан Сиро“ уште во јануари.
Ајер важи за голем тален на кого му се предвидува голема кариера, а Милан е во потрага по таков калибар на дефанзивец.
Агентот на дефанзивецот потврди дека неговиот клиент би сакал да се пресели во Милано, а „Скај Италија“ тврди дека трансферот ќе изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра.