Дома Топ вести Милан договори уште едно засилување од Будеслигата

Милан договори уште едно засилување од Будеслигата

Милан денес ќе го комплетира трансферот на дефанзивецот на Шалке, Малик Тао, но „росонерите“ не застануваат тука.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан договорил уште едно засилување од Бундеслигата, а станува збор за играчот на Волфсбург, Астер Вранкс.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


19-годишниот Белгиец важи за голем талент и одигра добра сезона во Бундеслигата, а Милан верува дека ќе биде одлична замена за Франк Кеси.

Италијанскиот шампион е во напредни преговори со Волфсбург и двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Германскиот клуб сака откупот да биде поставен на 13 милиони евра, додека Милан го проценува играчот на 11,5 милиони, па двете страни се очекува да постигнат конечен договор во текот на денешниот ден.

Вранкс е младински репрезентативец на Белгија и може да игра на неколку позиции во средниот ред, но главно е дефанзивен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…