Ракометарите на Металург ја остварија првата гостинска победа во Лигата на шампионите откако со 32:26 славеа на гостувањето кај Чеховски Медведи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот дел од мечот донесе израмнета игра на двете страни, во која Чеховски Медведи имаше предност од еден или два гола, а во финишот Металург успеа да ја анулира негативата.
Домачинот подобро влезе во вториот дел создаде два гола предност (19:17) во 34-та минута, кога започна серијата на Металург. Предводени од голманот Томовски, играчите на Александар Јовиќ го подигнаа нивото на игра во одбраната и во наредните 12 минути со серија од шест гола го презедео водството (19:23).
До крајот на мечот Металург рутински ја сочува предноста за конечен триумф 32:26.
Голманот Томовски имаше 11 одбрани, а најефикасни беа Јагањац со 9, Пешевски со 6 и Анѓелиќ со 5 гола.