Дома Фудбал Меси: Изгубив многу пријатели поради проблем со комуникацијата

Меси: Изгубив многу пријатели поради проблем со комуникацијата

Лео Меси пристигна во Барселона на само 13 годишна возраст и со многу работа успеа да стане еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Меси веќе 15 години игра на врвно ниво и успеа со Барселона да освои се што можеше да се освои.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во каталонскиот клуб пристигна во 2000. година од аргентински Њуелс Олд Бојс додека уште бил дете,, а потоа својот пат го започна во Барселона.

Сепак, јасно е дека не му било толку лесно бидејќи бил оддалечен од своите пријатели и семејството, но знаел дека не треба лесно да се откаже бидејќи му е дадена одлична прилика во животот, која не доаѓа така често.

Во едно од интервјуата Меси зборуваше за тоа дека ги загубил контактите со многу пријатели од детството бидејќи тогаш секој немал мобиле телефон и социјални мрежи за секојдевна комуникација.

„Изгубив могу пријатели поради проблеми со комуникацијата. Денеска многу деца имаат мобилни телефои, а јас по доаѓањето во Барселона единствено можев да ги контактирам пријателите преку пошта или телефон.“ – рече Меси.

Меси ги користеше зимските и летните паузи да се врати во родното место, но признава дека секогаш му било тешко кога ќе го напушти градот во кој пораснал.

„Враќањето во Барселона после паузата ме растажува. Тешко ми е да го напуштам родното Росарио, а воедно сакам да се вратам во Барселона и да продолжам со работа. Тоа е така бидејќи знам дека назад ќе се вратам за 6 месеци.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат се огласи: Лука Модриќ објасни зошто го избрал Милан

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ (39), прв пат говореше за официјалниот…