Рускиот тенисер Данил Медведев кој во не дела ќе се бори на Австралија Опен за првото место на АТП листата е казнет со 10.750 евра поради навредите кон судијата во полуфиналето против Циципас.
Медведев во петокот беше лут на судијата откако го изгуби вториот сет против Гркот. Причина беше што таткото на Циципас му сугерираше како да се движи на теренот скоро во секој поен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неговиот татко зборуваше скоро секој поен! Дали си глупав? Боже! Ти си така лош човек! Како можеш да биде таков во полуфинале на гренслем?!“, беснееше Медведев кон судијата.
Еден ден подоцна стигна казната за вториот тенисер во светот. Во финалето Медведев утре од 9:30 часот ќе игра против Рафаел Надал кој во ова финале го брка рекордниот 21. гренслем.