Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мбапе: Ова е сон, Умтити: Најважен гол во кариерата

Мбапе: Ова е сон, Умтити: Најважен гол во кариерата

Француската репрезентација синоќа се пласира во финалето на Светското првенство откако ја совлада Белгија со 1:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Уште една фантастична партија одигра 19-годишниот Мбапе, кој после мечот изјави дека ова за него е сон.

„Ниту во сон не замислувам дека ќе се случи ова. Резултатите се доказ дека кога се работи напорно, чесно, се игра тимски, следува награда. Што се однесува до мене, најважно ми е да го освоиме трофејот, додека индивидуалните признанија не ми се многу важни. Ова е сон на мојот живот. Ми останува и натаму да сонувам“, истакна Мбапе.

Херој на „триколорите“ синоќа беше дефанзивецот Умтити, кој го постигна победоносниот гол.

„Многу сум среќен, овој гол е веројатно најважната работа во мојата кариера. На крајот, во финале сме, тоа е неверојатно. Работевме многу за овој момент и ја постигнавме нашата прва цел“, изјави Умтити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…