Немања Матиќ ќе ги напушти Рен, а главната причина е што е лут на клубот, бидејќи не го испочитувале договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Матиќ решил да ги спакува куферите и демонстративно да си замине, па веќе не се појавува и на тренинзите со тимот.
Двете страни ќе го раскинат договорот, а Србинот е веќе во потрага по нов клуб и најверојатно ќе се врати во Италија.
Неговиот агент го предложил во Јувентус, кој е во потрага по квалитетен играч за врска.
Алегри ги цени квалитетите на Србинот, па можно е Јувентус да му понуди договор до крајот на сезоната.