Играчот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата направи акција за да им помогне на гладните деца, но не наиде на разбирање од другите колеги.
Просечно играчите во Премиер лигата заработуваат 2,45 милиони фунти годишно и Мата заклучи дека би требало еден процент од платата да одвои за новата акција „Common Goal“ која им помага на децата и сиромашните луѓе ширум светот.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Иако Мата ги повика играчите од Премиер лигата да се откажат од малиот дел на плата за помош на оние кои немаат, никој не го послуша.
Единствени кои се со акцијата на Мата се Матс Хумелс, Џорџо Киелини, Серж Гнабри и американскките фудбалерки Алекс Морган и Меган Рапион.