Дома Фудбал Маскерано ја напушта Кина и потпишува за аргентински клуб

Маскерано ја напушта Кина и потпишува за аргентински клуб

Хавиер Маскерано наскоро ќе ја напушти Кина и ќе се врати во Аргентина, каде ја започна својата богата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој во јануари 2018. година премина од Барселона во кинеската екипа Хебеи и до сега одигра 52 натпревари за овој клуб.

Сепак, договорот на Маскерано со овој клуб му истекува на крајот од оваа сезона и тој сега сака да потпише за аргентински Естудијантес, пренесува TyC Sports.

Изворот пренесува дека поранешниот играч на Барселона нема намера да остане во Кина и сака да потпише за клубот во кој тренер е поранешниот играч на Каталонците, Габриел Милито.

Маскерано најголемиот дел од својата кариера ја помина во Барса, каде пристигна во 2010. година и остана осум години и во тој период одигра 334 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Втор ветеран се договори со Челси

Поранешниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон постигнал договор за две години со Челси,…