Дома Фудбал Манчини останува селектор на Италија

Манчини останува селектор на Италија

Поразот од Македонија во баражот за Светското првенство за Италија беше опишан како спортска трагедија, се најавуваше дури и отказ на Роберто Манчини сепак тој ќе остане на клупата.

Македонскиот селектор Благоја Милевски пронајде начин како да го запре нападот на Италија кој и покрај офанзивата не создаде премногу 100% прилики за гол. ПСЖ и Манчестер Јунајтед веднаш се јавија како заинтересирани ако Манчини заминува од селекторската позиција.

Меѓутоа според последните информации Манчини останува селектор. Првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гравина тоа го истакна веднаш по мечот против Македонија, беше прашање само дали Манчини има желба да продолжи по едно такво разочарување.

Ќе потсетиме зса Италија ова ќе биде втор пропуштен Мундијал во низа откако не се пласираа ниту на Светското првенство во Русија во 2018 година, тогаш беа елиминирани од Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …