Менаџерот на Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за својот сонародник и играч на Интер, Дензел Думфрис.
26-годишниот десен бек минатото лето пристигна во Интер за 12 милиони евра и одигра одлична сезона.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Интер има финансиски проблеми, па доколку пристигне понуда од 35 милиони евра е спремен да го продаде Холанѓанецот.
Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и во Думфрис гледа идеална замена за десната бековска позиција.
Холанѓанецот одлично го познава својот сонародник и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“, а „Калчомеркато“ открива дека преговорите ќе започнат следната недела.
#Inter, sirene inglesi su #Dumfries: #tenHag lo vuole allo #United. E al giusto prezzo #Marotta non si opporrebbe… https://t.co/Tsj6sLRCpL
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 23, 2022