Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед му го продолжи договорот на подзаборавен играч

Манчестер Јунајтед му го продолжи договорот на подзаборавен играч

Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на уште еден свој игра, а станува збор за Тимоти Фосу- Менса.

Актуелниот договор на 22-годишниот играч истекуваше за неколку месеци, а „црвените ѓаволи“ не сакаа да го загубат фудбалерот без обештетување, па ја искористија клаузулата во договорот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На истиот начин веќе беа продолжени договорите за една година на Ерик Баи и Немања Матиќ.

Единствен играч чиј договор истекува, а нема опција за автоматско продолжување е 19-годишниот Анхел Гомес.

Фосу – Менса последниот меч за Манчестер Јунајтед го изигра во 2017 година, а последните две сезони ги помина на позајмица во Кристал Палас и Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…