Дома Трансфер зона Манчестер Сити ја сака ѕвездата на Барселона

Манчестер Сити ја сака ѕвездата на Барселона

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња требаше да биде големо засилување за Барселона, но може да си замине после само една сезона.

Шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат ова лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Притоа, Барселона има финансиски проблеми, а силен интерес за Рафиња покажува Манчестер Сити.

„Граѓаните“ во Бразилецот гледаат идеална замена за Ријад Марез, кој е пред трансфер во Саудиска Арабија.

Англискиот клуб наскоро ќе испрати понуда од 50 милиони фунти, а Барса со оваа продажба сака да го финансира трансферот на Жоао Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…