Ромелу Лукаку ќе го засили Челзи, па така Тами Абрахам нема што повеќе да бара „Стенфрод Бриџ“ и сигурно ќе замине.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации Абрахам кариерата би можел да ја продолжи во Италија во редовите на Рома. Мурињо наводно инсистирал на овој трансфер, а Рома ќе плати сума од 40 милиони евра за неговите услуги.
Абрахам уживаше голема доверба кај Лампард, но со доаѓањето на Томас Тухел падна во втор план, а јасно е дека за него ќе нема место со враќањето на Лукаку во Челзи.
И на самиот Абрахам тоа му е јасно па како што се наведува брзо се решил да ја прифати понудата.